Во Воркум, Холандија заврши Европското првенство во едрење во класара Ласер 4.7. Од предвидените  шест натпреварувачки дена се едреше само три дена и се одржаа седум регатни трки. Во променливи временски услови и студено време за овај период на моменти многу јак ветар, дожд и без ветар се одржа првенството.


Македонските едриличари се пласираа во четвртата квалитетна група Ердал Лушо на 34-то место, Димитар Поп-Стефанија на 65 то место кога изгуби десетина места со хаваријата на едрилицата во последните две трки.

-Сепак задоволни сме од овај прв настап во вакво елитно едриличарско друштво – велат едриличарите.


Европски првак е швајцарецот Себастијан Шнајдер, од девојките најдобра е холанѓанката Максиме Јонкер, од помладите девојки  под 16 години грчката едриличарка Атанасија Факиди.

Посебно пријатно изненади победата на едриличари под 16 години српскиот едриличар Лука Тошиќ.


Европското првенство помина во беспрекорна организација на холандските едриличарски работници.

 

Ohridnews