Традиционално по повод празникот Св. Никола -заштитникот на сите кои пловат по океаните,морињата, езерата и реките, Едрилишарската Федерација на Македонија ги прогласи најуспешните едриличари во 2010 година.
За најсупешен едриличар беше прогласен Димитар Поп Стефанија кој изминатата година имаше забележителни настапи во силни конкуренции на Европското првенсво и балканскиот шампионат. Четврта година по ред Поп Стефанија е државен првак во класата Оптимист.
Во женска конкуренција приматот го понесе Ирена Грунче која се натпреварува во класата Европа, преку настапите во земјата и странство собра најповеќе бодови во својата конкуренција.
Посебно призание им беше доделено на Ердал Лушо за неговите настапи на регатите, посебно на Светското младинско прврство во класата Ласер Радијал, и на Александра Заричин за промовирање на македонското едрење во странство. Таа настапувајќи на универзитетските регати во Италија и Европа беше прогласена за најдобар универзитетски спортист во Болоња , Италија.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com