Во рамки на неделата на рускиот филм, во Центарот за култура „Григор Прличев“, вечерва ќе биде прикажан филмот „Поп“ на режисерот  Владимир Хотиненко.

Дејствието на филмот се одвива во јуни 1941 г. во  малото село Тихое на границата со Летонија. Старешината на мала парохија – отец Александар лежерно разговара со попадијата Алевтина, се занимава со секојдневни световни работи. По два часа тој ќе ја заврши неделната служба. По два дена во селото ќе влезат Германците. По два месеца во животот на свештеникот Александар Јонин ќе започне најважната мисија, во која ќе нема силни подвизи и библиски чуда, а главно ќе биде враќањето на верата на народот. Долгот на свештеникот прераснува во свет подвиг…

Владимир Хотиненко е познат руски режисер, актер и сценарист, а за своите дела е добитник на бројни награди признанија.

Проекцијата на филмот „Поп“ започнува во 20 часот.

OhridNews