Поп музиката ги заменила сериозните црквени химни на две третини од погребите во Велика Британија, покажало едно истражување на британските погребални претпријатија. Поп песните биле главна музичка тема на повеќе од 30 илјади погреби во изминативе 12 месеци, а само четири проценти од ожалостените за погребите барале класична музика. “My way” на Френк Синатра седма година по ред е фаворит и пуштана била на 15 проценти од погребите, додека соул пејачката Адел исто така се нашла на листата со нумерата “Someone like you” која се нашла на 22 место.
Најпопуларни црквени химни, кај оние кои ја избрале таа музика биле “Abide with Me” i “Nimrod”. Многу погреби почнале да покажуваат и нешто повесел поглед на смртта така да нумерата на Ерик Ајдл “Always Look on the Bright Side of Life” се нашла на 13 место на листата на најбараните песни. Меѓу песните кои црквата одбивала да ги пушти е и песната “Imagine” на Џон Ленон поради стихот „Замисли да нема рај“.