Македонскиот пливачки маратонец Евгениј Поп Ацев Гран при серијата на ФИНА ја заврши на високото трето место. Поп Ацев на трката во Охрид го освои петтото место, и се најде на делба на третата позиција со Италијанецот Андреа Волпини со по 45 освоени бода.
Тој сезонава исплива шест маратони од
Гран при серијата на ФИНА, а најдобар пласман му беше на Лак Сен Жан во
Kанада каде што се пласира на 4. место.
Стефановски е на 12. место на листата, со 19 освоени бода. Минатата сезона Стефановски беше на четвртото место на оваа листа.
Победник на Гран При серијата за 2012 година е австралијанецот Трент Гримзи, кој има 95 бода, на второто место е Аргентинецот Дамјан Блаум со 71 бод.
Ohridnews