Евгениј Поп Ацев од ПК Студент Скопје е победник на 28 Илинденски куп. Популарниот мал маратон во должина од 2,5 км ог Горица до Охирд Генчо го преплива за 28,50 минути. Втор на целта со 53 сек заостанување (29,43м.) пристигна Александар Иваноски од Студент, а својот проштален настап Јане Карајованов го заврши на третото место со време 31,13 м.
Поп Ацев солидниот деби настап на големиот маратон на кој заврши како 7-ми, го потврди со тримфот на малиот маратон
– Многу полесно беше да се плива овај малиот,на кој покажав дека сезонава се наоѓам во одлична форма – рече по завршувањето на трката Поп Ацев .
Во женска конкуренција со време 37,05м. до победата стигна Марија Миновска од Вардар за која ова беше јубилеен 10 настап. Таа за неполни две минути беше побрза од својата сестра Христина која патеката ја преплива за 39,20м., а трета на целта пристигна Елена Ристеска од Југ Битола со време 45,46м.
– Потајно се надевав на победа на овај за мене јубилеј,нема да ми беше воопшто криво ако загубев од сестра ми – рече возбудено Марија Миновска
Во конкуренција на пливачи под 15 год во машка конкуренција победи Марко Блажески од Вардар ,а во женска победи Кристина Трајкоска од Студент.
М. Постоловски