Популарниот мал маратон кој годинава се одржа по 29 пат, Поп Ацев го преплива за 28, 37 минути. Втор на целта од патеката долга од 2,5 км од Горица до Охрид пристигна минатогодишниот победник во категорија до 16 години Марко Блажевски пд ПК Вардар со време (29,45м.). Александар Блажевски од ПК Студент стигна трет на целта со време (32.05 м.)
Поп Ацев кој ја успеа да го одбрани тронот по завршувањето на трката рече – Пресреќен сум што во ваква конкуренција успеав да го одбранам тронот.
Минатогодишната победничка во категоријата до 16 година Кристина Трајковска од ПК Вардар триумфираше во женска конкуренција. Трајковска до победата стигна со време (35.11 м)