Најдобриот македонски пливач Евгенија Поп Ацев и олимписката кандидатка Ева Петровска се искачија највисоко на пиедсталот победувајќи на втората трка од Македонскиот куп во далечинско пливање која се одржа во Св. Наум.

Кружната патека долга 2.5 километри во организација на Пливачкиот клуб Делфинд од Скопје во машка конкуренција прв низ целта ја помина Поп Ацев. На второто место финишираа Филип Дерковски односно Александар Илиевски. Кај дамите Петровска заврши пред Јана Костадиновска односно Еминова Блажевска.

Во склоп на втората трка од Македонскиот куп во далечинско пливање се одржа промотивна детска трка на 800 метри. Од Националната пливачка федерација упатија голема благодарност до Општина Охрид, Езерската полиција и компанијата КОСТАЛ чиј претставник Виткор Мизо ги додели наградите за најдобрите. Наредната трка во Купот е на 29 август во Маврово.

Победници по категории:

Категорија 1(пливачи родени 2002 и постари)

Мажи:

1.Евгениј Поп Ацев П.К.Вардар 2018
2.Деркоски Филип П.В.К.Орион
3.Илиевски Александар П.К.Нептун

Категорија 2(пливачи родени 2003-2005)

Мажи:

1.Стојановски Андреј П.К.Нептун
2.Мирчевски Божидар ВиП Работнички
3.Динев Христо П.К.Олимпик

Жени:

1.Петорвска Ева П.К.Аква Про
2.Костадиновска Јана П.К.Нептун
3.Блажевска Еминова Миа П.В.К.Орион

Категорија 3(пливачи родени 2006-2008)

Мажи:

1.Велков Михаил П.К.Нептун
2.Поповски Симон П.К.Вардар 2018
3.Давковски Борјан П.К.Нептун

Жени:

1.Стојановска Калина П.К.Нептун
2.Дамјанова Софиа П.К.Октопод
3.Тануровска Неда П.В.К.Орион

OhridNews