Угостителската понуда на Охрид, на задоволство на љубителите на добрите традиционални италијански специјалитети, од неодамна е побогата за Пицерија „Капоне“.
Лоцирана на булевар „Туристичка“ наспроти поранешен „Наполеон, пицеријата „Капоне“ нуди над 13 видови на пици со карактеристична италијанска припрема и изработка на тестото и состојките.
Сакаме да сме инвентивни и да нудиме нови пици како и креативно да експериментираме со вкусовите и сетилата на клиентите. Целта ни е да станеме локална пицерија блиска до сите, која секој ќе сака да ја посети штом помисли на пица. Постојано го подобруваме квалитетот и се држиме до оној автентичен стил, а воедно воведуваме новости во соработка со локални брендови, и со помош на клиентите. – велат од новоотворената пицерија „Капоне“.
Вкусна италијанска пица или сендвич, може да пробате во секој период од денот во пицерија „Капоне“ или на саканата дестинација со бесплатна достава.
Секогаш сме во добро расположение и секој е добредојден да сврати на парче пица и добар муабет. Доставата ни е бесплатна, а и доставувачите ни се забавни. – порачуваат од Пицерија „Капоне“.
OhridNews