Пред неколку дена бев во Охрид и во „Летница“ побарав кафе. Девојката која работеше ми понуди: макијато, нес кафе… Ја замолив да ме послужи со македонско (турско) кафе.

Но, не добив затоа што во ресторанот – кафулето немаа такво кафе. Потоа на главната улица и на пристаништето почна моето барање кафе.

Одвај најдов во „Рибниот ресторан“. Охрид е град со традиција, но нема традиционално кафе.

Смешно зарем не!?

Снежана Јованоска

Важно:

Ставовите изнесени во рубриката Ваши ПИСМА, не се ставови на редакцијата на ohridnews.com и таа не сноси одговорност за изнесеното во текстовите. Редакцијата во текстовите на читателите врши само корекции кои не ја менуваат содржината.

Од редакцијата.