Американката која била уапсена на денот на нејзината венчавка и првата брачна ноќ ја поминала во затвор, ќе ја тужи полицијата во Тексас поради понижувањата на кои била изложена.

Џед Пукет поднела тужба во која наведува дека во судницата била фотографирана во венчаница, па она што требало да биде најубавиот ден во нејзиниот живот, се претворил во најголем хаос.


Невестата и зетот, 26 годишниот Били Пукет, биле уапсени поради возење во алкохолизирана состојба и поради нарушување на редот и мирот под дејство на алкохол.

Џед навела дека била облечена во венчаница во моментот кога била уапсена и дека така облечена ја поминала целата ноќ, додека чуварите на неколку пати ја отварале вратата од ќелијата и ја покажувале пред другите затвореници и ја исмејувале.