Како пто денес соопшти ДИК, на избирачкото место 1338 во општина Охрид се делеле по две гласачки ливчиња за претседател и за градоначалник, а гласачите се потпишувале само на изводот на избирачкиот списокот за локалните избори.
Радица Ристеска, член на ДИК, кажа дека станува збор за избирачко место во селска средина каде според неа станува збор за ненамерна грешка бидејќи, откако забележале, од избирачкиот одбор се корегирале. Таа побара да се пребројат јавно гласовите за канидатите за претседател за да се воочи разликата, зошто, како што рече, има 42 потписи на списокот, а 82 гласачки ливчиња во кутијата за претседател.Забуната, како што истакна Ристеска, настанала поради двојните избори во Охрид, за градоначалник и за претседател на државата.
Од ДИК констатираа дека има вкупно 82 ливчиња од кои 23 за Пендаровски, 1 за Река и 51 за Сиљановска и 7 неважечки ливчиња.
Приговорот беше прифатен, а гласањето поништено.