Група бразилски играчи на националната лотарија се разочарала кога полицијата ги известила дека нивното добитно ливче со награда од 30 милиони долари не било правилно регистрирано. Во извештаите се наведува дека продавницата во која 40 луѓе го купиле добитното ливче не ги регистрирала броевите во системот на националната лотарија, поради што добивката била неважечка.
Шефот на локалната полиција Кловис да Силва изјавил дека ливчето било платено, а бидејќи не било правилно издадено продавницата направила сериозен прекршок. Државната финансиска агенција задолжена за лотарија ја суспендирала продавницата, а несудените добитници се спремаат да покренат тужба.