Двете компаниите кои го добија тендерот за набавка на 31 респираторна машина ја информирале владата дека нема да бидат во можност да ги испорачаат респираторните машини согласно договорот. Како што информираат од владата, јавната набавка се поништува и ќе биде повторно распишана.
- Во меѓувреме, Република Северна Македонија доби 12 респираторни машини од Европската Унија со што се надополнија посточеките капацитети, информираат од македонската влада.
Вклучувајќи ги новите машини коишто пристигнаа, во здравствените институции ширум земјата во моментот има на располагање преку преку 130 респираторни машини.
Во моментов на респираторна машина има приклучено вкупно 11 пациенти, со што капацитетите се исполнети нешто помалку од 10%.
OhridNews