Владата денеска и официјално го поништи тендерот за давање на Охридското Езеро под концесија.

Владата ќе го задолжи ресорното министерстводо одредување на идниот концесионер да обезбеди средства за физичка заштита на Охридското Езеро, бидејќи се работи за организиран криволов и реален проблем кој единствено само така треба да се третира, изјави денеска во Охрид државниот секретар во министерството за животна средина, Дејан Паноски.

Инаку Собранието на РМ, попладнево со 60 гласа ЗА, го усвои Законот за рибарство со кој се утврдуваат новите критериму на заштита и управувањетоп со Охридското Езеро. Се очекува наскорто ресорносо министерство да распише нов тендер за давање на Охридското Езеро  под концесија, постапка која се очекува да трае најмалку неколку месец.

Паноски денеска информираше дека заради актуелни случувања во МЈП Проаква и иницијативата на општините Струга и Охрид за раздружувања на меѓуопштинското јавно претстпријатие , владата на Швајцарија ја замрзнала донацијата од 650.000 евра наменети за изградба на шест пумпни станици на Охридското Езеро.

Мнистерството за животна средина ќе се заложи за решавање на проблемот, но очекувам двете локални самоуправи да покажат позитивен пристап во процесот на реорганизација на МЈП Проаква, рече Паноски кој изрази надеж дека  средствата од помошта наскоро ќе бидат одмрзнати.

Паноски во Охрид учествуваше на свеченоста што по повод 22 март Светскиот ден на водите се одржа во Центарот за култура во Охрид. Државниот секретар оцени дека генерално состојбатра со водите во Макеедонија е добра, но е потребна силна грижа за тие да се заштитат. Тој  најави поинаков пристап во заштитата на речните и езерските ресурси и изградба на повеќе пречистителни станици во Макеонија кои ќе се реализираат со средства од странски донации.

Г.М.