Министерството за транспорт и врски го поништи конкурсот за издавање под концесија на плажата Сараиште во центарот на Охрид.

Истовремено Министерството го овластило градоначалникот на општина Охрид, да ги отстрани диво поставените шанкови на оваа плажа, со што комплетно ќе му се врати автентичноста на просторот кој го опкружуваат културно историски споменици од исклучителна вредност.

Информацијата ја потврдуваат од локалната самоуправа, од каде изразуваат благодарност до Министерството за транспорт што постапило по иницијативата на граѓаните, која ја поддржа Советот на општина Охрид.

Граѓаните на Охрид неодамна до ресорното министертво и други релевантни институции испратија петиција за заштита на единствената слободна плажа во стариот дел на градот, која ја подржаа градоначалникот Александар Петрески, Советот на општината, охридските пратеници во Парламентот, Завод и Музеј – Охрид, У.З. „Стар град“, Агенцијата за туризам на Р.М.,невладини организации, интелектуалци и вљубеници во Охрид.

Ohridnews