По повод празникот посветен на великомаченичките Св. Софија, Љубов, Вера и Надеж, понеделни, 30-ти септември, во истоимената црквичка во населбата Лагадин крај Охрид, ќе се одржи голем црковно – народен собир.
Богослужбата по повод празникот, ќе започне во 14.30 часот.
Црквата во Лагадин пред 19 години ја изгради охриѓанецот Љупчо Патче по повод 2000 години од христијанството. Оттогаш секоја година на овој ден се организира заедничка прослава на именденот на сите охриѓани кои ги носат имињата на маченичките.
Исто така во понеделник, во катедралната црква „Света Софија“, со почеток во 09:00 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св.мч-ки Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија“.
На светата литургија ќе чиноначалствува Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско–сиднејски г. Тимотеј.
На овој ден богослужба ќе има само во црквата „Св. Софија“, едноцрквие.
OhridNews