Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празници на РМ, 13 Април 2009 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден, според Грегоријанскиот календар, е неработен ден за верниците од католичка вероисповед во Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на верниците од католичка вероисповед им го честита празникот Велигден.

Ohridnews