Во првиот ден од седмицата луѓето во просек се жалат 34 минути, и тоа најмногу на замор, лошо расположение, бавен компјутер или лоша фризура. Во остатокот од седмицата се жалат многу помалку. Во понеделник исто така многу луѓе се чувствуваат дебело. Секој трет човек го мрзи понеделникот повеќе од било кој друг ден, покажала студијата спроведена на 2000 испитаници. Просечниот човек во понеделник се жали 34 минути, а во остатокот од седмицата 22 минути.


Првиот ден за многумина е многу стресен бидејќи се плашат од обемот на работа кој ги очекува. Освен тоа, понеделник не е популарен бидејќи е прв ден по викендот кој многумина го минуваат во уживање и одмор, па чувствуваат голем напор повторно да се вратат на работната атмосфера.