Понеделнички низ Охридскиот пазар. Пред да изсчезне нешто автентично. Една мала прошетка….
Просечна возраст: баби, дедовци, тетки, чичковци, пензионери и се што е 55+. Граѓани, селани. Јас бев со мојте четириесет и неколку години најмлад во утринските часови. Било каде во светот, од сабајле секогаш се трудам да посетам локални пазарчиња. Тука е духоТ, мирисоТ, гласоТ, пулсоТ, мудроста, крвта и срцето на секое место.
Додека се’ уште има можност, кој сака (од помладите): оставето го кафето за една утринска прошетка низ пазаров. За една поинаква слика од Охрид, вистинска, за да се сеќаваме засекогаш на нешто што за брзо че биде во бетонски простор.
Комплетно релаксирање и големо задоволство со едно Турско чајче.
Понеделнички!
Владо Амстердам
*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите