По средбите со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев во Охрид, државниот секретар на САД, Мајк Помпео и неговата придружба во која се помошник-државниот секретар, Филип Рикер, и амбасадорката на САД во Северна Македонија, Кејт Мари Брнс, ја посетија црквата „Света Богородица Перивлепта“ каде беа пречекани од Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан.
Високите гости имаа можност да ја разгледаат црквата која беше реновирана и заштитена со средства обезбедени преку програмите на УСАИД.
Државниот секретар Помпео вечерва од нашата земја заминува за Грција, откако претходно ги посети Италија, и Црна Гора.
OhridNews
фото:Емил Јовановиќ