Секторот за внатрешни работи – Охрид поднесе кривична пријава против К.С.(59) од Охрид, помошник генерален директор за финансии во „ЕМО“ – Охрид, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Пријавениот, во својство на одговорно лице, искористувајќи ја службената положба и овластување во текот на 2006 година, без да биде известен генералниот директор и органите на управување на АД „ЕМО“, во два наврата неосновано без постоење на должнички обврски одобрил исплата на фирмата „Шеар Импекс“ од Тетово во вкупен износ од 1.253.585,50 денари.
Пријавениот како што информира МВР, потпишал фиктивна компензација кон „Шеар Импекс“ без да постојат должнички обврски кон АД „ЕМО“, односно „Шеар Импекс“ имал должнички обврски кон АД „ЕМО“ по основ на услуги извршени во погонот на „ЕМО“ во Кичево.