Португалскиот ас Кристијано Роналдо не е омилен помеѓу противничките навивачи и фудбалери, но со секој нов потег надвор од теренот тој воодушевува. Роналдо прифатил да и помогне на Софија (деветмесечното бебе) од Србија која боледува од спинална мускулна атрофија.
Роналдо преку фан клубот на Јувентус од Србија до семејството испратил потпишан дрес. Оригиналнот дрес ќе биде поставен на аукција. Финансиските средства од дресот ќе бидат уплатени на сметката од младата Софија.
Покрај фудбалерот на Јувентус во хуминатарната акција се приклучиле голем број на фудбалери и репрезентативци на Србија, кои донирале средства за лекување на Софија.
OhridNews