Осум екипи во автомобили кои наместо бензин користат употребени маснотии од готвење, поминле пат долг 4.000 километри, од Лондон стигнале во Атина.
Идејата за овој потфат потекнува од 34 годишниот Енди Паг од Лондон, кој екипите ги повел на 10 дневно патување низ Европа. Маснотиите ги набавувале од попатните ресторани.
„Нема причини поради кои и други луѓе не би можеле да го направат истото, ќе заштедат малку пари и ќе придонесат за зачувување на природната средина со тоа што не користат фосилни горива“ – рекол Паг откако во средата стигнале во Атина.