Девојка од Кина која на велосипед поминала скоро 2.000 километри за да се сретне со повеќе потенцијални младоженци во Шангај, ја дочекал студен туш. Наспроти стотици заинтересирани на нејзината веб страница, на договореното место дошле само двајца.


Веј Јиминг, симпатична 25 гидишна девојка од Кина, желна за брак, на своја кожа почувствувала дека виртуелните врски ретко се претвораат во вистински. Се одлучила да вози велосипед од својот град Гаунгзоху до Шангај со надеж дека така ќе го привлече вниманието на потенцијалните младоженци. Но на крајната дестинација ја пречекале само двајца кандидати, кои, по краток разговор престанале да бидат и тоа.