Британецот Фред Фин е човекот кој патувал најмногу на светот. Посетил 139 држави. Со својот Конкорд летал 718 пати и поминал 24 милиони километри. Фин посетил повеќе од две третини од сите светски нации. Почнал да патува кога имал 18 години и летал од Хемпшир до Њујорк. Го бележи секое свое патување и бара потпис од пилотот или машиновозачот на возот со кој патувал за да има доказ за патувањето.
Во 1983 година добил признание од Гинисовата книга на рекорди за човек кој поминал најмногу километри. Во наредните 27 години тој број го удвоил. Фред сеуште не завршил со патувањата. Негова следна туристичка дестинација која сака да ја посети е Месечината.