Судот во Германија на студентот Патрик Бекер му плати, билет од Сиднеј до Берлин за да каже само една реченица пред судот. Тој поминал пат од 16 илјади километри само за да сведочи за кражба на мобилен телефон. Патрик во Берлин бил пролетта 2009 година кога некој му го украл мобилниот. Кражбата ја пријавил, заминал дома и се заборавил.
По две години го повикале и му рекле дека го пронашле крадецот и дека мора да се појави пред суд. Пристигнал во Берлин а во судницата поминал само 30 секунди. Крадецот бил момче на 19 години кој бил казнет со два дена притвор.