Австралијанецот Стен Мартел поминал 12 часа на дрво додека гладни крокодили кружеле околу стеблото. Тој заспал додека пловел со својот брод и кога се пробудил сватил дека бродот заглавил во едно дрво и бил полн со вода. За Австралиската телевизија изјавил дека ја поминал цела ноќ на дрво, плашејќи се дека може да се скрши гранката на која седел.
Бил многу уплашен бидејќи здогледал два крокодили кои биле поголеми од три метри. Спасувачите го пронашле наредното утро бидејќи го активирал својот сателитски телефон. еден од полицајците кои го пронашле изјавил дека иако тој здогледал само два крокодили, сигурно имало многу повеќе.