Ова откритие може да има големо значење за нашето разбитрање на климата на планетата, а би можело и како што смета авторот, да биде клучно за предвидување на долгорочните климстски промени во иднина.
Во начинот на вртењетона Земјата околу нејзината оска постојат два „циклуси“ – едниот трае 10.000 години, а другиот 40.000 години, а кога тие на одреден начин ќе се поклопат доаѓа до глацијација и деглацијација, односно до почнување и престанување на ледено доба.
Сега, како што тврди Хјуберс, „со 99 проценти сигурност знаеме дека поместувањата на земјината оска спаѓаат во факторите кои придонесуваат за деглацијација (топење на големите глечери и големите ледени површини, фаза во која моментално се наоѓа нашата планета).
Доколку двата циклуси се поклопат, мразот се повлекува со голема брзина, Ако тоа поклопување се случи, сончевото зрачење кое го прима во текот на летото северната хемисфера се зголемува за повеќе од десетина вати по метар квадратен, а големите ледени маси на тие простори, доколку се присутни, се топат и исчезнуваат.
Овие статистички податоци точно се поклопуваат со оние што на почетокот на минатиот век ги предложил српскиот научник Милутин Миланковиќ – заклучува Хјуберс, со напомена дека зголемувањето на количината на јаглен диоксид во атмосферата, кој секако е присутен, овој процес може само да го забрза.
извор: „Блиц“