Почитувачи на Тоше Проески и неговата музика од Словенија и од другите краеви на поранешна Југославија, вчера во Љубљана присуствуваа на богослужбата во Српската православна црква со која беше одбележана 4-годишнината од смртта на македонската музичка икона.


На поменот што го организираа Ирис Ирена К., православна словенка и нејзините пријатели- македонски студенти и доктори кои работат во Словенија, присутните се потсетија на музиката и големите дела на Тоше, кои по 4 години од неговата смрт длабоко се врежани во срцата на илјадници негови обожаватели.

OhridNews