Помалку од месец дена останаа до почетокот на второто издание на Спортско едукативниот летен камп Охрид 2017 со меѓународен карактер во организација на асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“. Летниот камп оваа година ќе се одржи од 10 до 16 јули со локација како и минатата година во хотелот Десарет. 

Од асоцијацијата на спортови информираат дека бројот на учесници е ограничен така што ги повикуваат сите заинтересирани (деца од 8 – 14 години) што побрзо да се пријават и со тоа да постанат дел од едно незаборавно искуство на дружење, едукација, спорт и забава кое ќе го паметат целиот свој живот.

Оваа година како дел од програмата за волонтирање на Универзитетот Роехемптон од Лондон на Летниот камп ќе волонтираат три студенти кои ќе ја збогатат програмата на самиот камп како и ќе придонесат децата учесници да го прошират своето знаење од англискиот јазик.

За повеќе информации ве молиме да се обратите на следниот контакт број 078/440-139 или преку нашата facebook страна Спортски летен камп Охрид 2017.

OhridNews