Десеттите парламентарни избори се специфични од повеќе аспекти. Поради актуелната здравствена ситуација, предвремените избори за пратеници во националното Собрание се одвиваат според посебен протокол за заштита и спречување на ширењето на корона вирусот Ковид 19, кој, меѓу другото предвидува задолжително носење маски и држење дистанца.
Пред самите гласачки места можеше да се забележи дека не секогаш се држи потребната дистанца, и дека луѓето во редовите беа поблиску едни до други од дозволеното растојание, ни сите носат маски.
Во самите гласачки места протоколите се почитуваат целосно. Во просторијата каде се гласа се пуштаат само по двајца избирачи. Тие најпрвин се проверуваат со Ув ламба, се дезинфицираат, по што им се проверува идентитетот и добиваат гласачко ливче.
До 13 часот пвоето право на глас во Охрид го искористиле 28,7 % од вкупно запишаните 52.542 избирачи, што нешто над 6 % помалку во споредба со парламентарните избори во 2016, кога до 12.30 часот гласале 35% од вкупниот број избирачи.
Општина Охрид, сепак, има најголема излезност во регионот. За споредба, во наведениот период излезноста во соседна Струга е нешто над 18 проценти.
Г.М.