Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, бројот на домашните туристи во мај 2011 година, во однос на мај 2010 година, е намален за 18,8 отсто, додека бројот на странските туристи е зголемен за 20,8 отсто.
 
Бројот на туристите за истиот период е зголемен за 1,6, а бројот на ноќевањата е намален за 1,5 отсто. Бројот на туристите кои во мај ја посетиле земјава изнесува 56.094, а бројот на ноќевањата 129. 420.  Бројот на ноќевањата на домашните туристи е намален за 17,4 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 17 отсто.

Во периодот јануари – мај 2011 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 6,4 отсто и тоа кај домашните туристи има намалување за 9,1, а кај странските има зголемување за 20,6 отсто.

OhridNews