Едно момче од Јута, САД одлучило да ја разбие монотонијата на животот која ја имаат жителите на американските рурални средини. На лицето си ставил 43 живи полжави и ги пуштил да му лазат десет секунди. Тоа било доволно за соборување на Гинисовиот рекорд.
11-годишниот Фин Кехелер од местото Санди ви, Јута би требело да влезе во Гинисовата книга на рекорди. Досегашниот службен рекорд изнесува 8 полжави во десет секунди, но Фин во меѓувреме дознал дека некој ставил 36. Полжавите ги собрал во блиските градини и внимателно ги поставил на лицето. Се броеле само оние кои останале после десет секунди. Семејството го снимило овој потфат и ќе го испрати до Гинисовата книга.