Еден полжав предизвикал сообраќаен хаос во еден англсики град, откако се пикнал во семафорот и предизвикал краток спој. Инцидентот се случил минатиот петок кога по изненадното исклучување на семафорот, сообраќајот бил запрен на една прометна крстосница во Дарлингтон, град на североистокот од Англија.
Инженерите кои биле повикани да го решат проблемот откриле мртов полжав во контролната кутија на семафорот. Тој некако успеал да се вовлече во контролниот механизам и да застане на прекинувачот каде се спржил. Во меѓувреме била извршена поправка, семафорот повторно работел, а сообраќајот се одвивал без проблеми.