Родителите за ваквите “потреби” на своите деца, треба да издвојат значаен износ од домашниот буџет. Во охридските козметички салони плаќаат над 3. 000 денари, зависно од желбите на нивните полуматурантки.
Ако на овој износ се додадат трошоците направени за купување облека за полуматурската вечер( во повеќето случаи во Скопје или Грција) , плаќање на прославата во хотел, сликањето за табло, пречекувањето на пријателите и роднините кои ќе дојдат да честитаат за “големиот успех”, се доаѓа до сума која ниту три просечни плати нема да ја покријат. Па така, голем број родители подигнале потрошувачки кредит за да ги покријат сите овие трошоци. Дел од нив со насмевка коментираат: “ Заслужиле децата, еднаш се прославува завршување на основно училиште, па не се жалиме што ни преостанува кредитот да го исплаќаме наредните три години. Додека не дојде ред за друг да земеме, затоа што ќе треба тогаш да се слави и матура”.