Британскиот трговски ланец Џој понудил бесплатна облека за првите 25 жени кои ќе ја посетат новата продавница во Лондон само по долен веш. Полуголи девојки чекале да се отвори бутикот иако тој чин на полицијата ни малку не и бил забавен. Од полицијата изјавиле дека со тоа ги вреѓаат останатите припаднички на понежниот пол.
Девојките сепак и се спротивставиле на полицијата и изјавиле дека ниту една од нив не ги покажала интимните делови од телото. Полицијата дури и им наредила во бутикот да ја отстранат рекламата од излогот со која се привлекувале девојките.