Четирите екипи учесници во полуфиналето од меморијалниот турнир во мал фудбал „Лескоец 2015“ заслужија чиста десетка.


Двата мечеви наликуваа на финални нешто поради желбата за победата, а многу повеќе за фер и корекната игра и головите кои изобилуваа во полуфиналињата.


Првиот меч меѓу Кадмо и Леонардо Пица заврши со седум погодоци, а на победа се радуваа „црвените“ со 4-3.


Во вториот натпревар АСП Пак – Викса Пром пеналите одлучуваа за патникот во финалето. Четири серии пеналџиите беа непогрешливи, а дури во петтата серија беше решен победникот.


Љубителите на малиот фудбал можат да тријат раце пред финалните натпревари бидејќи убава фудбалска престава им е загарантирана.

Кадмо против АСП Пак во финалето од меморијалниот турнир „Лескоец 2015“.

Ohridnews