Денеска, со почеток во 17 часот, на теренот со вештачка трева на СРЦ Билјанини Извори ќе се одигра првото полуфинале од oпштинскиот Куп.

Силите во полуфиналето ќе ги одмерат членовите на Третата МФЛ, Лакочереј и Сатеска додека во второто полуфинале кое ќе се одигра следниот четврток (23 мај) ќе се сретнат Дебрца – Охрид.

Победниците од полуфиналните двојки во финалето ќе се борат за титулата која гарантира учество следната година во Купот на Македонија.

Двојки:

Лакочереј – Сатеска

Дебрца – Охрид

OhridNews