Вториот по ред турнир во мал фудбал „Вевчани 2016“ по многу возбудувања, мечеви и голови дојде до самиот крај, односно до финалната завршница.
За почеток од финалните мечеви на програмата се натпреварите од полуфиналето во кои екипите ќе се борат за билетот за финалето.
Во 1/2 финалните пресметки ќе се сретнат АСП Пак – Еуро Стил (20:30 часот) и Климен Колески – Бел Мерцедес (21:30 часот).
Организаторите на турнирот го одредија и наградниот фонд кој ќе изеснува вкупно 140 000 денари.
Победникот на турнирот ќе освои 80 000 денари, второпласираниот 40 000, а третопласираната 20 000 денари.
OhridNews