Вечерва со почеток во 20:30 и 21:30 часот на меморијалниот турнир во мал фудбал „Климент Колески 2018“ ќе се одиграат полуфиналните натпревари.

Полуфиналната програма ќе ја отворат екипите на Александар Лачоски-Фудбал и АСП Пак, а вториот патник во финалето ќе се бара помеѓу Мистер И – Доктор Баткоски.

Финалната разврска на четвртиот меморијален турнир е закажан за в петок со почеток во 20 часот и 30 минути.

OhridNews