На меморијалниот турнир во мал фудбал „Климент Колески“ вечерва ќе се одиграат мечевите по кои ќе се дознаат екипите патници во финалето.


Полуфиналната програма ќе ја отворат екипите на Бел Мерцедес и Црна Река со натпреварот во 21 часот, а ќе ја заокружат АСП Пак и Вила Хармони со дуелот во 22 часот.

Финалната разврска на турнирот во мал фудбал „Климент Колески“ е закажан за в среда со почеток во 20 и 30 часот.

Двојки 1/2 финале:

21ч Црна Река – Бел Мерцедес

22ч АСП Пак – Вила Хармони

OhridNews