Првиот турнир во мал фудбал во Вевчани дојде до самата завршница по која ќе се дознае победникот и освојувачот на големата награда.


Полуфиналните натпревари на програмата се во петок, а ќе се сретнат Хотел Климетица – Топ Маркет (20ч) и Мистер И – АСП Пак (21ч).

Големото финале ќе се одржи в сабота со почеток во 21 часот, претходно во 19:30ч ќе се одигра малото финале, а меѓу двата финални натпревари ќе има еден ревијален меч меѓу Дримкол и Вевчани.

Наградата за освоено прво место изнесува 85 000 денару + 15 000 денари (ваучер од Стоматолошки центар “Д-р Баткоски”).

За второпласираниот следува 45.000,00 денари + 15.000,00 денари (ваучер од Стоматолошки центар “Д-р Баткоски”)

Победникот во малото финале ќе добие награда 30.000,00 денари + 15.000,00 денари (ваучер од Стоматолошки центар “Д-р Баткоски”)

Ohridnews