Сабота и недела на стадионот „Атина Бојаџи“ ќе се одиграат полуфиналните бараж мечеви во Општинската фудбалска лига.
В сабота во 17 часот ќе се сретнат првопласираниот на табелата Охрид и тимот на Лакочереј додека в недела во истиот термин силите ќе ги одмерат Сатеска и Дебрца.
Победниците од полуфиналните бараж мечеви ќе се сретнат во финалето кое исто така ќе се одигра на „Атина Бојаџи“.
Најдобрата екипа од завршниот турнир во ОФЛ ќе учествува во бараж натпреварите за влез во Третата лига.
OhridNews