После полуфиналната разврска во Лигата на Шампиони следуваат полуфиналните дуели во Лигата на Европа, кои, исто така можат да понудат голема доза на фудбалска тензија, неизвесност и драма.
Лесно може да се случи во ЛЕ како и во ЛШ да гледаме дуел на две англиски екипи, но за тоа треба Челси и Арсенал да се погрижат. „Сините“ на домашен терен го пречекуваат Ајнтрахт Франкфурт. Челси реваншот го започнува со минимална предност со оглед на голот постигнат во гости во ремито 1-1. На Челси му одговара било каква победа, но не и реми. Германците во финалето одат со победа или реми со два погодоци.
Арсенал има нешто по чиста ситуација, а Валенсија пак супер предизвик. „Топчиите“ го искористија домашниот терен победувајќи 3-1, а на потег се „лилјаците“, кои, мораа да бркаат победа со два голови разлика. Ако Ајнтрахт и Валенсија не успеат да им ги замрсат сметките на англичаните, тоа ќе биде градско дерби во финалето, нешто што ќе биде супер за крај на сезоната.
Двојки: Челси – Ајнтрахт Франкфурт (1-1), Валенсија – Арсенал (1-3)’
Во заградите се резултатите од првите натпревари.
OhridNews