Чиста игра, допадлив фудбал, одлични голови, пресврт и пенали понудија полуфиналните мечеви на вториот меморијален турнир во мал фудбал „Климент Колески“.
Вицешампионот од првото издание, Бел Мерцедес со пресврт ја совлада екипата на Црна Река додека АСП Пак по изведувањето на пеналите славеше против Вила Хармони.
Судејќи според 1/2 финалињата, натпреварите за медалите ќе бидат шлаг на тортата на второто издание на меморијалниот турнир во мал фудбал.
Фото галерија:
АСП Пак и Бел Мерцедес во финалето на меморијалниот турнир „Климент Колески“
OhridNews