Охридските ракометари во полуфиналето го завршија настапот во Купот на Македонија, откако изгубија од Еурофарм Работник со 26-18 (15-7) во првиот од двата полуфинални дуели.

Полуфиналната пречка втора година во низа е неприминлива за охриѓани, кои минатата сезона го имаа дебитанското учество на завршниот турнир во Купот на Македонија.

Ракометарите на Охрид одиграа далеку под своите можности во двата правци кога најмногу требаше. Немањето идеја и реализиција во напад и пробојната одбраната како ретко до сега скапо ги чинеше „гладијаторите“, односо пласман во финалето.

Мечот егал беше до 18-та минута кога на семафорот беше 7-6. Домаќините со серија од 8-1 стигнаа до 15-7 за плус осум на полувремето. 

Во вториот дел разликата стигна и двоцифрена (21-10), но на крајот охриѓани се консолидираа и не дозволија поразот и елиминацијата во Купот да биде дебакл.

Крстески со шест голови беше најефикасен во составот на Еурофарм Работник, додека херој беше голманот Чаневски кој собра 17 одбрани. Во тимот на Охрид четири погодоци реализираше Адамовиќ.

Противник на „фармацефтите“ во финалето во Купот на Македонија ќе биде победникот од вториот полуфинален натпревар помеѓу Вардар и Металург.

Фото: Гол.мк
OhridNews