Македонската кошаркарска репрезентација забележа две победи над Алжир 89-81 и Египет со 74-67 и обезбеди пласман во полуфиналето и борба за медал.

Македонската фудбалска репрезентација под 19 години прокоцка предност од два гола не мечот против Либија. Избраниците на Алексо Мацков мораа да се задоволат со реми 2-2. Во наредниот меч играат против селекцијата на Италија.

За Македонија, која е дебитант на Медитерантските игри ќе настапат 116 спортисти во 19 спорта. Покрај екипните спортови, Македонија ќе настапи и во атлетика, бокс,
борење, тенис, пливање, карате, мечување, пинг-понг, стреличарство,
стрелаштво, џудо, велосипедизам, бадминтон, таеквондо и гимнастика.

Во македонската експедиција се и охриѓаните Бојан Рисетски и Сашо Лескароски (бокс) како и Нина Балабан (стрелаштво).

ohridnews