Мајкл Кембел, 33 годишен американец, бил обвинет во 2003 година за кражба, и завршил во затворот Џеферсон Кантри.
Во периодот до 2008 година Мајкл бил малку во затвор, а малку на слобода. Во пет години нашол време да си го истетовира целото лице и било невозможно да се препознае.
Кога во 2003 година го сликале, имал само три тетоважи, а сега има многу повеќе. И покрај импресивните тетоважи Мајкл не е ниту блиску до познатиот Том Лепард, човекот кој го има прекриено целото тело со тетоважи, и 20 години живеел на остров како леопард. Тој долго ја држел титулата за човек со најмногу тетоважи, се додека не му ја однел Лаки Дајмонд Рич од Нов Зеланд.