Метју Ноулс, таткото и поранешен менаџер на пејачката Бијонсе, во вонбрачна афера пред четири години добил син со љубовницата Александра Рајт. После тој скандал следел разводот од сопругата Тина, мајката на славната пејачка и нејзината сестра Соланж. Тој после тоа не се впуштал во врска со некогашната љубовница, но, судејќи по се, кренал раце и од нивното дете, кое сега е на улица. Судот на Метју му наредил да плаќа алиментација, но бидејќи моментално наводно немал пари, доцнел со плаќањето неколку месеци.

Неодамна дури и се пожалил на суд дека износот е превисок. Додека тој со мајката на момчето се влечелпо судови, таа и синот завршиле на улица. Алесандра Рајт сега преку медиумите апелира до славната пејачка да му помогне на својот полубрат. Таа рекла дека не може да замисли како Бијонсе ќе се чувствува кога ќе се дознае дека полубратот и е во дом за бездомници и дека се надева како пејачката ќе се заинтересира да го запознае момчето. Додала дека се надева дека го разбира нејзиниот апел бидејќи и таа е мајка.